Иако за себе тврди дека е прилично либерална мајка, американската пејачка Мадона се разбеснила кога дознала дека нејзината 15-годишна ќека Лурд пуши, па одлучила да ја казни. Девојчето бил очајно бидејќи ја добило најлошата можна казна, односно била исфрлена од танцувачката група која ќе ја следи нејзината мајка на новата турнеја.

На сајтот на Мадона пишувало дека Лурд нема да се појавува на сцената, дека нема да танцува, туку ќе помага во бекстејџот околу подготвувањето на костимите. Мадона случајно дознала дека нејзината ќерка пуши, кога една фотографија на која Лурд стои со запалено цигаре во друштво на пријатели се појавила на интернет.