Мадона ја откачила својата другарка Деми Мур, така што ја изоставила од листата гости на забавата по доделувањето на Оскарите, како би направила место за нејзиниот поранешен сопруг Ештон Качер. Поп кралицата и актерката во 2011 заедно организирале традиционална постоскаровска забава, но овој пат за Деми немало место, бидејќи Мадона била на страната на Ештон.
Таа го обожавала Ештон и сметала дека тој е оној код пред себе има блескава кариера. Сакала кога Ештон е во нејзина близина, затоа што дрско флертувал со неа. На забавата тие двајца танцувале заедно и бесрамно флертувале.