Откако стотици обожаватели го напуштија концертот на Мадона во Лондон, таа доживеа “дежа ву” во Париз на концерт во рамките на нејзината турнеја.
Концертот се одржал во Париз во салата Олимпија која примила 2700 луѓе.
Мадона излегла на бината во 22:15, а нејзиниот настап го завршила за неполн час односно во 23:00. Тоа предизвикало голем револт во публиката па иако музичката дива се тргнала од сцената, останале многу луѓе кои продолжиле да свиркаат и да извикуваат навредливи зборови.

Фановите го изразија својот револт преку социјалните мрежи па така еден од посетителите напиша: “280 евра за место, 10 минути говор, 40 минути настап,два дена кампување пред Олимпија, страшно