Мадона некако успеала да ги поднесе скандирањата и свирежите на незадоволните фанови кои се собрале во Лондон на премиерата на филмот “W.E”, кој бил во режија на кралицата на попот. Пејачката на црвениот тепих се појавила сама, а се забележувало дека не се појавил никој од нејзините пријатели, како би и пружил поддршка.
Филмот кој зборува за љубовната врска на членот на кралското семејство, принцот Едвард, и Волис Симпсон, поради која принцот абдицирал, веќе бил искасапен од критичарите, а по се изгледа не и се допаднал и на публиката. Да биде иронијата поголема, Мадона по промоцијата на филмот рекла дека не е важно што мислат критичарите, туку е важно што ќе каже публиката.