Педесет и осум годишниот гитарист Дејвид Вилијамс починал во петокот поради проблеми со циркулација на крвта. Докторите во семејството предложиле да го исклучат од апаратите, но тие одбиле во надеж дека ќе им помогнат ѕвездите за кои Дејвид свирел во минатото.
Во текот на својата кариера, гитаристот свирел за Мадона, Мајкл џексон, Џесика Симпсон, па неговата сопруга Дебора се надевала дека некој од нив ќе одговори на повикот за помош. Но, тоа не се случило. Светски познатите ѕвезди, за жал, не одговориле.