Кралицата на попот Мадона го повикала младиот пејач Џастин Бибер да и биде специјален гостин на нејзината летна турнеја, која започнува на 29 мај во Израел. Мадона е голем фан на Џастин Бибер и желба и било да настапуваат заедно за време на нејзината летна турнеја.
Таа на својот Твитер профил напишала дека младиот пејач е сјаен и дека и се допаѓале неговите настапи. Младиот Бибер набрзо и одговорил, исто така преку друштвената мрежа. Тој напишал дека поканата претставува голема чест за него, бидејќи Мадона имала кариера за каква што сонувал секој уметник. Тој исто така и честитал за новиот албум.