После едногодишна врска Мадона наводно го оставила својот млад љубовник, пренесува интернет страницата Холископ. Џесус Луз и таа наводно повеќе немале за што да разговараат, а се појавиле и гласини дека го изневерува со својот поранешен љубовник, безбол играчот Алекс Родригез.
Биографот на Мадона, Ренди Тараборели тврди дека врската им опстанала толку многу затоа што Мадона добивала емоционална потпора од Џесус. Рекол дека почетната страст меѓу нив била толку голема, што обајцата помислувале на брак.