Кралицата на попот ја загуби битката за старателство на синот Роко, кој ќе живее со таткото, режисерот Гај Ричи во Лондон. Таа прво на своите пријатели им рекла дека сваќа дека го изгуби синот, а потоа се расплака на настапот во Окланд и една песна посвети на својот син. Иако долго зборуваше дека е самохрана мајка, Мадона всушност не го има видено синот од декември, кога отпатува кај таткото и одби да се врати во САД како би бил со мајка си за Божик. Сега, по се изгледа, конечно свати дека оваа битка е загубена.

 

Приказната на некој начин ја потврди на настапот во Окланд, кога во солзи испеа песна за Роко. Видно вознемирена рече дека нема посилна љубов од онаа која мајката ја чувствува кон синот, и ја отпеа песната “La Vie en Rose”. На последното рочиште судот им нареди на поранешните сопружници своите проблеми да ги решат надвор од судот, а после тоа таа сепак се согласи Роко да биде со таткото, но во договорот доби и ветување дека ќе има одредено родителско влијание врз воспитувањето на својот единствен биолошки син.