Ексцентричната поп кралица не малку ги изненадила патниците во авионот кога извадила витаминска инекција и сама си ја вбризгала во вената, притоа не обрнувајќи внимание на погледите на патниците кои биле фасцинирани и со самиот факт дека патуваат заедно со планетарно популарната пејачка. Инекцијата всушност била единственото нешто што Мадона го конзумирала во текот на седмочасовниот лет.


со 49 години во топ форма – Мадона

Со најновиот „инцидент“ Мадона пoблиску објаснила што значи за неа здравиот живот- во текот на седумчасовниот  лет , ништо ниту јадела ниту пиела, а на крај од торбицата извадила витаминска инекција и сама си ја вбризгала во вена. Витаминските инекции често се срќеаваат кај холивудските ѕвезди, а наводно ги користат и Линдзи Лохан и Бритни Спирс. Мадона, инаку позната по (пре)здравиот живот наводно постојано ги зема поради што во последно време е коски и кожа .

„Можат да бидат корисни за постари и помлади личности, но во принцип се непотребни, доколку немате проблем со исхраната“, вели британската нутриционистка Ана Дени. Мадона на крајот од неделава ќе го прослави 49-от роденден, и тоа во форма на која и завидуваат и многу помлади, а сега открила и на што се должи младешкиот изглед покрај вежбањето и кабалата.

извор:
index                                                                                                                 Јасминка Т. Момироска