Овој бизнис потег на Мадона и се видел како логичен чекор во кариерата. Таа е амбициозна и има големи планови, откриле нејзините соработници. Кралицата на попот се состанала со малезискиот тајкун Тони Фернандес, сопственик на групата Аура Мајфер, која во Лондон поседува неколку врвни ноќни клубови.
Имено, Мадона сака да инвестира во неговото бизнис царство и да стане негова партнерка и да ја проба својата среќа во ваквиот бизнис. Не се знае точно на кој клуб му фрлила око, но со сигурност оној кој ќе го води ќе биде многу популарен. Мадона неодамна отворила теретана во Мексико, сама води курс за танцување и ја пробува среќата во многу бизниси.