Поранешната девојка на новото младо момче на Мадона, изјавила дека Мадона е “смешна стара вреќа“, која би требало да си најде дечко на свои години.
Бразилската актерка и убавица Катарина Франка (18) вели дека се шокирала кога чула дека нејзиниот поранешен дечко е во врска со Мадона.
За „Дејли Меил“ изјавила:“Мадона е смешна стара вреќа, а таа врска е како мојата мајка да оди со дечко на мои години. Или дури, мојата баба. Сметам дека тоа е многу чудно.“
Катарина смета дека Мадона со тој потег се обидува да го направи љубоморен нејзиниот порнешен сопруг, Гај Ричи.
Катарина и Хесус биле во врска 18 месеци до 2006 година, а по врската останале пријатели.