Популарната пејачка Мадона изјавила дека одлично би се снашла во улогата на претседател на САД. Таа, како што вели, таквата улога би ја искористила за ширење на мир и толеранција меѓу народите.


Кога новинарите ја запрашале што би правела кога на еден ден би била претседател на САД, ѕвездата одговорила дека за еден ден не може да се промени баш многу. Рекла дека би сакала да биде претседател подолго време. Додала дека не би трошела пари на оружје за масовно уништување, туку на образование и уметност.