Еден мачор во Мексико бил кандидиран за градоначалник на главниот град на државата Веракруз, Халап. Црнобелиот мачор по име Морис во предизборната кампања на гласачите им „ветува“ дека „градот ќе го исчисти од стаорци“ бидејќи „Морис тоа го знае“ и дека има „проверено искуство“. Покрај Морис, кој бил кандидран од група граѓани, во трката за градоначалник имало уште три политичари. Судејќи по популарноста на Фејсбук, Морис имал одлични шанси, бидејќи од него повеќе „лајкови“ имал само еден кандидат.
Неговиот слоган гласел: „Уморни сте од гласање за глувци? Гласајте за мачка!“. На неговиот фејсбук профил пишувало дека иако често знаел да направи неред, тој самиот го чистел и не го оставал на другите. Наведено било и дека слабост му биле перниците, прекривачите, креветите и облеката. Во случај да победи, тој не би бил првиот мачор на кој тоа му пошло од рака. Градоначаник на еден град на Аљаска веќе 15 години е мачорот Стабс.