Мачорот Френк и Луи од Милбури, Масачусец, има две лица, пренесуваат медиумите. Поради генетска деформација мачорот има два носа, две усти и три очи.
Според очекувањата на експертите Френк и Луи требало да живее само неколку дена, но мачката го дожиеала својот 12 роденден. Заслужил место и во Гинсиовата книга на рекорди како најстара жива мачка со две лица. Негова сопственичка е поранешна ветеринарна сестра која сакала да остане анонимна.