Еден изгубен мачор во Русија поминал 70 километри за да го пронајде неговиот сопственик кој го оставил во друг град, пишуваат руските медиуми.

Мачорот Бојан се изгубил за време на селењето на фамилијата во сибирскиот регион Краснодарск.


„Ги натоваривме работите во автомобилот кога забележавме дека го нема мачорот. Долго го баравме, но не успеавме да го пронајдеме. Децата беа многу тажни, бидејќи мачорот живееше кај нас 5 години“ – рекол сопственикот.

После 3 месеци, мачорот се појавил пред вратата на нивниот нов стан на четврти кат во станбена зграда.

Среќна поради мачорот, фамилијата не може да сфати како тој поминал толкав пат и успеал да го пронајде нивниот нов стан.