Мачорот Лексли бил одведен од неговата сопственичка Мариа Браун во ветеринарна ординација за да го кастрираат. Додека чекале за операција, Лексли успеал да побегне низ прозорецот на ординацијата.


Директорот на ординацијата изјавил дека во знак на извинување на сопственичката ќе и испратат цвеќе поради губитокот на саканиот миленик. Од ординацијата коментирале дека никогаш претходно не се случило да побегне мачор токму пред да биде кастриран. Додале дека се надеваат оти сопственичката еден ден ќе им го прости овој голем пропуст.