Жолтиот мачор Орази има неверојатни 16 колограми и е потежок од просечен мачор за 12 килограми. Мора многу да се потруди да помине низ стандардниот отвор за куќни љубимци на вратата. Понекогаш главата ќе му остане на една а телото на другата страна.


Сопственичката на мачорот не кажала дали има здравствени проблеми ниту со што го храни.


Кога го држи во прегратка Орази се истегнува од нејзините рамена до нејзините препони, а ширината на стомакот му е скоро колку  нејзиниот стомак.


Но без оглед на неговите пропорции, Орази не е рекордер. Британскиот мачор Сам во 2004 имал 16,3 колограми, а сопственичката го хранела со колачи и чипс. Гинисовата книга на рекорди ја укинала категоријата за најдебели животни поради грижа дека сопствениците ќе ги присилуваат миленичињата да јадат храна која дебелее. Сепак најдебелиот мачор според Гинис доаѓа од Минесота САД, и е тежок 18,5 килограми. Орази во споредба со него би изгледал како маченце.