Еден необичен мачор својата мистериозна способност да ја предвидува смртта ја докажал околу педесет пати во домот за стари лица одејќи во нивната постела кога тие ги живееле последните моменти од својот живот. Еден од лекарите докажал дека мачорот ретко грешел, а дури и пред медицинските лица откривал на кој од пациентите им се ближи крајот.


За неговиот талент еден од лекарите прв пат пишувал во 2007 година, а оттогаш уште многу пати ги уверил лекарите во својата моќ. Мачорот ретко се дружи со луѓе, освен со оние кои наскоро ќе умрат. Иако во домот има уште пет мачки, ниедна нема способност како него.