Црниот мачор Колин пред четири години исчезнал без трага, а се вратил на своето семејство во Гарстанг за Божик оваа година. Мачорот исчезнал недолго откако Питер и Мариа ОНил се доселиле во градот. Го пронашле во еден парк во градот и го пренесле во здружението за згрижување на напуштени животни.
Мачорот имал микрочип на кој ја пишувала адресата на Онилови и од здружението ги контактирале сопствениците. Воодушевениот Питер изјавил дека тоа бил најдобриот подарок за Божик кој можел да го добие. Додал дека уште повеќе се изненадил кога мачорот го препознал и се одзвал на своето име.