Мачките сакаат да се мазат, но брзо им здосадува и тоа го покажуваат на нивниот сопственик кој често не ги препознава знаците кои нивната мачка ги испраќа. Меѓу знаците кои покажуваат дека на мачката и е доста мазење се мафтањето со опашката, спуштањето на ушите, ширењето на зениците, предупредува британското добротворно здружение за заштита на мачките, додека исражувањата на ова здружение покажало дека повеќето сопственици не сваќаат дека мачките повеќе сакаат кратко мазење.
Домашните мачки делат заеднички предци со африканската дива мачка која е самотен ловец, рекла претставничката на здружението Ванеса Хоуви. На мачките им е потребно место на кое ќе се чувствуваат сигурно. Дури и ако мачката не е срашлива, би била добра идеја сопствениците да им овозможат на своите мачки места за криење во случај да им притреба, рекла таа и додала дека за мачката претставува стрес доколку живее со уште една мачка или куче.