Мачката Шупет на модниот креатор Карл Лагерфелд во 2014 година му донела три милиони евра со два договори, со производител на козметика и со производител на автомобили. Шупет, белата долговлакнеста ангорска мачка станала позната пред три години ма фотографии со манекенката Линда Еванџелиста и француската актерка Летиција Каста. Лагерфелд оттогаш мачката ја позајмува на други модни куќи и потпишува големи маркетиншки договори. Само за споредба, мачката заработува само 300 илјади евра помалку од моментално светскиот најплатен модел, Кара Делавињ.
Модниот креатор Карл вели дека Шупет стана најпозната и најбогата мачка на светот. Додал дека таа е премногу префинета за да рекламира обична храна за мачки. Била на насловната страна на списанието Вог и има налог на Твитер со 50 илјади следбеници, додека француската издавачка куќа „Фламарион“ издала биографија за „волшебниот живот на мачката манекенка“. Шупет јаде на маса, спие во креветот на Лагрфелд, има две негувателки кои се менуват на два часа. Ја четкаат четири пати на ден, редовно ја носат на педикир и еднаш месечно на ветеринар, што најмалку и се допаѓа.