Во германскиот град Линдау една мачка ги спасила станарите на една зграда од пожар, соопштила локалната полиција. Во соопштението се наведува дека еден човек се разбудил сред ноќ поради звуците на гребење и мјаукање на неговата мачка. Кога излегол да провери која е причината за таквото однесување на мачката, забележал чад, по што повикал пожарникари.


До пристигнувањето на пожарникарите целиот горен спрат на зградата бил зафатен од пожарот. Сите станари на зградата, вклучувајќи ја и мачката, безбедно ја напуштиле зградата, но во пожарот биле уништени пет станови.