Сопственик на имот во предградие на Брисбен, Австралија, чул многу необични звуци кои им ги припишувал на стаорците, но кога повикал помош од здружението за заштита на животни, се шокирале откривајќи мачка заглавена во климата. Ја нарекле Даикин, по клима уредот во кој ја пронашле.
– Дојдовме на местото и видовме голем клима уред од 70-те години на минатиот век. Не можеше да излезе бидејќи турбината и го имаше блокирано излезот- изјавила Катрина, од здружението за заштита на животни.
За среќа, Даикин ја скршила само предната шепа. Ветеринарите велат дека добро се опоравува.