Мачката на соседот се заглавила во мотор од автомобил. Таму била дури цела недела. Среќната мачка преживеала околу 500 километри возење без храна и вода, пред да дигне узбуна со своето мјаукање. Морале да го расклопат целиот мотор за да ја извадат.


„Не ми е јасно како влегла“ – рекол механичарот.

За среќа поминала само со мали повреди и повторно е кај своите сопственици.

„Навистина е големо чудо што преживеа. Бевме загрижени и поставивме нејзини слики низ градот ако некој случајно ја најде. Воодушевени сме што е повторно со нас“ – рекол нејзиниот сопственик.