Една несреќна мачка од американскиот град Лернед добила стрела во главата. За среќа потрошила само еден од деветте животи и преживеала. Сопственикот Рендолф Хендерсон бил изненаден од реакцијата на мачката. Иако била ранета таа се вратила дома и се обидела нормално да јаде.
Меѓутоа стрелата и сметала да ја стави главата во садот со храната. Ветеринарот кој ја извадил стрелата рекол дека черепот бил пробиен, но за среќа мозокот не и бил повреден. Никој не можел да сфати зошто некој тоа би и го сторил на една мачка. Пред еден месец иста несреќа доживеала една мачка од Блумингтон.