Во местото Френклин, САД две жени извлекле мачка од урнатините на една запалена цвеќара. Пожарот кој избил 26 дена претходно уништил два ката на зградата, а пожарникарите едвај успеале да го изгаснат. Но мачката преживеала иако сопственичката изгубила надеж дека ќе ја најде жива.


Сепак кога ги расчистувале урнатините биле изненадени од тоа што мачката била преживеана, иако не постои начин да се објасни како тоа и успеало. Мачката и е вратена на сопственичката која ќе ја однесе на ветеринар. Вели дека таа изгледа здраво иако е ослабена и дехидрирана.