Една мачка докажала по којзнае кој пат дека старата изрека – мачките имаат девет животи е точна. Мачорот по име Вуду скокнал од прозорецот од 34-ти кат и паднал на нозе без поголеми повреди.

Инцидентот се случил во понеделникот, во местото Голд Кост, во Квинсленд.


Вуду лежел како и обично на прозорецот и гледал на улицата, објаснила неговата сопственичка, која претпоставува дека овојпат премногу се наведнал и затоа паднал.

За среќа, мачката поминала со неколку гребаници и еден скршен нокт, а падот го амортизирале грмушките кои се наоѓале пред влезот од зградата.