Една мачка во Англија дури четири седмици била во ладилник на температура под нулата и успеала да преживее. Од ниската температура и испаднале ушите и опашката, а преживеала јадејќи смрзнат грашок и лижејќи мраз наместо вода.


Вработените во фабриката за замрзната храна ја забележале мачката пред еден месец, но не успеале да ја уловат. Потоа не ја забележале цел месец. Една од вработените ја зела дома и ја крстила Фрости, а ќе се опоравува во ветеринарната станица во Лестер.