Тоа е чудо. Мислам дека имаше ангел чувар, рекла Моника Хоперт (60) од германскиот град Штадхаген. Бони (4) исчезнала на 19 јуни, кога водоинсталатери менувале цевка во купатилото. Мачката неприметно влегла под кадата пред мајсторите повторно да ја заѕидаат.


Кога сопственичката повторно го слушнала нејзиното мјаукање позади плочките, мачката од 6 килограми паднала на 2 килограми. Бони била толку слаба што ветринарите предложиле да ја успијат. Но, сопственичката не сакала ни да чуе и успеала да ја опорави хранејќи ја со разводнета храна за мачки.