Мачката Деми успеала да преживее 40 минути на 40 степени. Мачката спиела во машината за перење, а нејзината сопственичка Џенифер Паркер ја вклучила истата како би ја испрала облеката. По 40 минути отишла да провери дали облеката е испрана. Имала што да види, нејзината мачка за време на перењето била внатре и изгледала како клопче волна.

Џенифер веднаш го повикала локалниот ветеринар, кој и рекол веднаш мачката да ја однесе во амбулантата. И дал кислород, стероиди и потребните лекови. Ветеринарот Енди Нелсон изјавила дека тоа било прв пат да види таква несреќа. Доколку мачката останела уште неколку минути во машината, не би преживеала.