Американецот Гил Смит од Гилберд одел на состанок во Керни кој е одалечен 110 километри. Излегувајќи од камионот, слушнал мајукање и на резервната гума под камионот ја видел својата мачка.

„Мојата Бела беше хистерична, потресена и уморна, но доволно паметна за да не скокне од гумата во возење“ – рекол Смит.


Смитови имаат неколку животни. Но Бела е милениче на неговата сопруга. Го откажал состанокот за кој допатувал за да ја одведе Бела дома.

„Да не го направев тоа, жена ми сигурно ќе се разведеше од мене“ – се шегува Смит.