Хауард Мос од Бринмил, Велс, бил разбуден од полицијата која била повикана од неговата мачка. Хауард спиел и станал од креветот кога двајца полицајци зазвониле на неговата врата. Му рекле дека добиле итен повик од неговиот телефонски број.
Во шок им рекол дека спиел и дека никого не повикал. Полицајците ја пребарале куќата и ја нашле мачката која спиела покрај телефонот на кој слушалката била подигната. еден од полицајците забележал дека нејзината шепа се наоѓа на броевите од телефонот и претпоставил дека мачката сосема случајно го повикала бројот.