Сопствениците на мачорот Гофри знаеле дека тој знае да одлута на ноќ или две, но откако го снемало цели три седмици помислиле дека никогаш повеќе нема да го видат. Синди и Тим Витбред од островот Вајт, Велика Британија, не можеле да поверуваат кога слушнале дека мачорот е жив и здрав по 10-часовното патување со автобус до Јоркшир.


Се претпоставува дека мачорот скокнал во багажот во еден од автобусите кои застануваат пред хотели или ресторани за да се одморат патниците. Тој бил пронајден во една нива и бил одведен на ветеринар. Ветеринарот со помош на чипот ги пронашол сопствениците. Мачорот бил добро, но морал да прими седативи за да го издржи патувањето до дома.