Мачорот по име Шугар од прозорецот на станот на својата сопственичка во Бостон, посматрал една верверичка во паркот и импулсивно тргнал по неа, скокајќи во празно. Мачорот безбедно паднал од 19. кат, што е отприлика висина од 45 до 60 метри. Неговиот пример совршено ја потврдил легендата дека мачките секогаш паѓаат на нозе.
Не само што немал скршеници, туку немал ниту гребнатинки. Ветеринарот кој го прегледал воочил само неколку модринки во пределот на плуќата. Неговата сопственичка, која во иднина ќе мора повеќе да внимава на прозорците, изјавила дека нејзиниот миленик најверојатно искористил еден од фамозните девет животи. Ветеринарот објаснил дека мачките, кога паѓаат од висина, имаат инстикт да ги рашират нозете, со што го успоруваат падот.