Една мачка од Австралија била приморана да мине неверојатни 3200 километри, како би минала од едниот крај на континентот до другиот, бидејќи сакала да се врати дома. Имено, нејзините сопственици се преселиле, а за време на преселбата мачката се изгубила.
Кога се изгубила била стара само неколку седмици и мислеле дека ја изгубиле засекогаш, поради што долго време биле тажни. Никој не може да објасни како храброто животно успеало да ги пронајде своите сопственици. Тоа било многу тешко изводливо, но споменатиот брачен пар не можел да ја сокрие својата среќа кога ја здогледал мачката во својот двор.