Мачорот Бастофер се фатил за работа откако забележал дека кокошката нема да си ги чува своите јајца. Ги зел работите во свои раце и лежел врз јајцата цели три дена. Неговата сопственичка рекла дека не е сигурна дали нејзиниот мачор знае дека не е кокошка бидејќи често се движи таму каде се кокошките и се однесува како да е една од нив.
Во еден случај го барала мачорот околу куќата и го затекнала како лежи врз јајцата. најверојатно тој мисли дека прави добра работа и дека тоа е всушност неговата улога. Гнездото го напуштил само два пати бидејќи бил гладен, но брзо се враќал да лежи врз јајцата.