На своето патување мачката поминува покрај старото бродоградилиште, поморската база, централниот дел на градот, неколку предградија како и низ делот каде што се сместени борделите. Сите се навикнале на малиот патник, а возачите внимаваат да слезе на вистинската станица.
Сопственичката вели дека мачката секој ден некаде одела, но не знаела каде. По една година и станало јасно кога и кажале некои од возачите на автобусите. Автобуската постојка се наоѓала точно пред нејзината куќа. Секое утро влегува во автобусот во 10 часот и 55 минути и седнува на задното седиште. Возачите велат дека никогаш не правела проблеми.