Можеби нема девет животи, но затоа се родила со две лица! Иако во леглото имало три мачиња, нивната мајка има четири гладни усти кои треба да ги нахрани.
Австралиските ветеринари од Перт и помогнале на една мачка која имала компликации за време на пораѓајот. Биле изненадени кога здогледале маче со две лица.
– Имам видено мачки со две опашки или една нога повеќе, но прв пат да доживеам вакво нешто-рекол еден од ветеринарите.
Безименото маче, е едно од трите мачиња во леглото, но се развива исто како и другите.
Ветеринарите се сигурни дека ќе преживее.
– Стомакот му е полн и ја преживеа првата ноќ. Тоа е добар знак. Делува задоволно, мјаука и преде.Јаде само од една уста бидејќи му се испукани непцата во другата, но мјаука симултано од двете, објаснуваат ветеринарите.