Лунтик е тримесечно маче кое има еден пар уши вишок. Сиво-белото маче, кое живее во една гаража во Владивосток, Русија, има по едно мало, недоволно развиено уво пред двете нормално развиени уши.
Тие уши немаат ушни канали, па Лутник може да слуша само со своите две нормални уши. Ова не е единствен ваков случај во светот. Во Чикаго живее мачор по име Јода, кој исто така има два пара уши.