Едно персиско бело маче, старо само четири месеци, преживеало перење во машина за перење алишта, во која се нашло сосема случајно, без да биде забележано од сопствениците. Необичниот настан се случил во Сиднеј. Сопствениците на мечето по име Кимба, биле шокирани кога во машината по завршувањето на перењето го пронашле мачето, кое за среќа останало живо и било само малку зашеметено.
Веруваат дека мачете незабележано влегло во машината пред да го вклучат перењето, кое за среќа било подесено на ниска температура. Мачето сепак било одведено на ветеринар, каде примило терапија за да се опорави од шокот о дејството на детергентот. Исто така примило и лекови за очи.