Под наслов “Macedonia Timeless“, нашата земја, успешно ги промовираше своите туристички потенцијали во Холандија. Презентацијата која беше организирана од страна на Агенцијата за промоција на туризмот на Република Македонија и Министерството за економија, привлече големо внимание кај холандските новинари и турператори.


Пред присутните на промоцијата, свое обраќање имаа, амбасадорот на Р.Македонија во Холандија Г-н.Никола Димитров, заменик министерот за Економија Методиј Хаџи-Васков и директорот на Агенцијата за промоција Зоран Стрезовски.


Покрај презентацијата на туристичките потенцијали на Македонија, беше организирана промоција и дегустација на македонски вина и традиционална македонска храна, кои беа проследени со македонска етно музика.


Македонските туристички работници за време на промоцијата оствариле и директни средби со значајни холандски туроператори.

Ohridnews