Се поретки се маалите во Охрид каде активно се спортува во попладневните часови од летниот период. Со една таква долга традиција може да се пофали населбата Воска односно жителите од улицата „Крум Точков“ кои играат фудбал на „мали голчиња“.


Осум луѓе, една топка и две рачно изработени „мали голчиња“ се потребни за дружење, спортување и пред се забава меѓу зградите од улицата.


– Играме секогаш кога е убаво времето во попладневните часови. Викендов кој не беше поволен за плажа го искористивме повеќе бидејќи се собиравме порано од предвиденото и игравме повеќе „партии“. – коментираат од улицата „Крум Точков“.


Порано, на теренот имало и кошаркарски пресметки, но сега е сведено само најпопуларната споредна работа во светот, фудбалот.

Михаил Постоловски