Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси повторно предупреди за опасноста по рускиот удар врз украинската нуклеарна централа во Запорожје.
Секогаш кога играме со оган и ако дозволиме оваа ситуација да продолжи, еден ден среќата ќе ни го заврти грбот, изјави Гроси пред Одборот на гувернери на МААЕ во Виена.
Тој апелираше до сите „да се посветат на заштитата на безбедноста“ на централата, со формирање посебна зона.
Нуклеарната централа Запорожје, окупирана од руската армија на југот на Украина, денеска беше исклучена од украинската електрична мрежа по руски напад, соопшти операторот Енергоатом.
OhridNews