Меѓународната агенција за атомска енергија денеска на Твитер објави дека украинскиот нуклеарен регулатор пријавил проблеми во комуникацијата со персоналот што работи во нуклеарната централа во Запорожје во југоисточна Украина.
Украинските власти ѝ кажаа на МААЕ дека редовниот персонал продолжува да работи во централата, „но управувањето со постројката сега е под наредба на командантот на руските сили кои го контролираат местото.
Претходно, денес за време на телефонски разговор, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин се согласија за потребата од вклучување на МААЕ за да се осигура безбедност на нуклеарните постројки во Украина, се наведува во соопштението од Елисејската палата.
Претседателот на Франција ја изрази пред претседателот Путин својата длабока загриженост за безбедносните ризици на нуклеарните постројки, се вели во соопштението.
Во него се додава дека рускиот лидер се согласи дека работата за осигурување на безбедноста на нуклеарните постројки „треба веднаш да започне со МААЕ“.
OhridNews