Мајсторката за врвот на табелата во групната фаза на традиционалниот турнир „Петровден 2022“ што се игра во Мешеишта, помеѓу екипите на  Буба Мара и Др. Баткоски, и припадна на Буба Мара која славеше со 4:2 за прво место во групата. Др. Баткоски се втори пред разигрувањето во елиминационата фаза. Покрај оваа, синоќа се одиграа уште три средби.

 

Резултати 05.07.

Буба Мара – Др. Баткоски 4:2

Камионски делово Бос – Магна мирорс 10:0

Дебрца Експрес – СРЦ Бела Каса 1:2

Пекара Лихнида – Кафе бар 9 5:1

Турнирот во Мешеишта вечерва продолжува со три средби.

Распоред на натпревари 06:07.

20:30 Буба Мара – Гостилница кај Мече

21:30 АСП ПАК – Моби Роби

22:30 Св. Тојца – Сатеска