Екипата на Задар и следната сезона ќе биде дел од АБА 1 лигата, победувајќи го МЗТ Скопје во „мајсторката“  со 86-75 (29-18, 21-22, 16-22, 20-13).

„Штрковите“ добро ја отворија бараж серијата и победија во првиот меч, но потоа следеа два порази. Првиот во Скопје пред своите гледачи и денешниот кој го сруши сонот за враќање во елитата.

Задар маестрално го отвори мечот и обезбеди двоцифрена предност после десет минут. „Металците“ во следните две четвртини смогнаа сили и се вратија резултатски игра. Бркањето на негативата остави голема трага и во завршните десет минути скопјани немаа сили за надигрување.

Поразот во бараж серијата ја остави Македонија без свој преставник во АБА лигата. МЗТ Скопје има сигурно место во АБА 2 лигата и нова шанса за исполнување на целта.

OhridNews