Белорусија е една од ретките земји каде се игра фудбал во време на пандемијата на коронавирусот. И од таму доаѓаа погодок кој сигурно на фудбалските симпатизери ќе им дојде како лек на рана во овие тешки мигови со редуцирана понуда. Павел Нехајчик на дуелот Минск – БАТЕ Борисов постигна погодок директно од корнер. Неговата мајсторија брзо се прошири на социјалните мрежи и речиси сите пишуваат да се награди со гол на сезоната бидејќи е светла точка во „црните“ моменти за спортот. Уживајте.