Викендов се одржа Националното младинско првенство до 19 години, на кое АК Охрид имаше забележителен одличен настап.
Атлетичарката на АК “Охрид”, Искра Маџоска настапи на 100м со истрчан резултат од 13.30, што е нејзин нов персонален рекорд, заврши на четвртата позиција.
Околу еден час подоцна Маџоска трчаше и 400м каде за многу малку го пропушти второто место. Маџоска финишира на третото место на трката на 400м и се закити со национална бронза, информираат од АК Охрид.
OhridNews