Ривалството помеѓу Чикаго Булс и Детроит Пистонс беше опфатено во новите епизоди од документарниот филм „Последниот танц“, посветен на Мајкл Џордан. Првиот предизвик на Џордан и „биковите“ беше симнувањето на Детроиот од врвот во НБА лигата. Екипата на Чикаго три години по ред губеше во плејоф дуелите со Детроиот, а пласман понатаму обезбеди дури во четвртата пресметка. Тоа беше најава за доминација на Чикаго и трите титули во низа.
Ги мразев! Ги мразам и денес. Тие, ривалството го префрлија на личен план. Не претепуваа на секоја средба. – изјави Џордан во најавата.
Џордан откри дека тимот на Детроит предводен од Ајзеа Томас одбил да се ракува после поразот и елиминацијата во плејофот во 1991 година.
Кога ние губевме, секогаш одевме и се поздравуваме. Тоа беше почитување на ривалот и фер плеј. Без разлика што не можевме заспиеме неколку ноќи потоа. Тие, тоа не го направија. Но нема врска. Знаевме дека поразот и елиминацијата ги боли. Нас, таквиот ефект ни даде голема самодоверба во освојување на првата титула. – истакна Џордан.
Во текот на кариерата Џордан освои шест титули, а Чикаго Булс со Џордан во составот е една од најдобрите кои победила во НБА лигата.
OhridNews