Легандарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејлерс, Коби Брајнат, постхумно ќе биде примен во Куќата на славните во НБА лигата, на церомонијата која ќе се одржи на 15 мај. Желба на семејството од Коби Брајант била Мајкл Џордан да биде главен водител и претставувач на кошаркарот во Куќата на славните.

Џордан после смртта на Коби Брајант, кој почина заедно со ќерка си Џана и уште девет лица, кои беа во хиликоптерот кој се сруши во Калифорнија со емотивно писмо ја трогна јавност. Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс рече дека изгубил дел од себе, а Коби Брајант му бил како помал брат. Тој даде ветување дека ќе се погрижи споменот на Коби Брајант да живее вечно.

Коби Брајант и Мајкл Џордан често беа споредувани како кошаркари, но никогаш помеѓу нив двајца немало ривалство, како што се претставуваше во медиумите. Коби се појави на залезот на кариерата од Џордан. Двајцата одбележаа едно време, кои вбројуваат помеѓу „златните“ во кошаркарта.

Покрај Коби Брајнт во куќата на славните ќе бидат примени Тим Данкан, Кевин Гарнет и Тамика Кеџинс за успешност во Женската НБА лига.

OhridNews